Столтенберг загрижен поради последиците од турската акција во Сирија

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за последиците што може да ги предизвика турската воена офанзива во северна Сирија во однос на борбата против терористичката Исламска држава и стабилноста во регионот.

– Загрижен сум за последиците … во врска со напредокот што го постигнавме во борбата против нашиот заеднички непријател „Исламска држава“, рече Столтенберг, нагласувајќи ја важноста за зачувување на ваквиот напредок.

Велика Британија и другите европски земји ја запреа продажбата на оружје на Анкара, откако започна воена операција во северна Сирија.

Столтенберг таквите постапки ги коментираше како „одраз дека многу сојузници на НАТО се многу критични и ја осудуваат воената операција во северна Сирија“.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата