(ВИДЕО) Дехари: Споено Кичево, една Албанија која ја сонувавме

Од:

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари на 17. февруари во Чикаго зборува за „споено Кичево кое е сон на сите Албанци“ и како „дел од една Албанија која сите Албанци ја сонуваат“

Видеото е објавено на засе.мк, а кадидатот за градоначалник на ДУИ за Кичево пред присутните објаснува што значи освојувањето на оваа општина.

-Тргнувајќи од Албанија со градоначалникот на Тирана, Љуљзим Баша, преку другите албански општини, симнувајќи се во Струга каде го чека градоначалник Албанец, за да продолжи накај Гостивар и Тетово до градот на Изет Меџити, градот на Скендербег, на Хасан Приштина, и продолжува накај Куманово.

– Сето ова е албанска администрација и она сите ние што го посакуваме. Тоа е една Албанија која ја сонувавме, рече Фатмир Дехари од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Брвеница избира градоначалник

Горан Наумовски

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?