Обединети нации: Турција би можела да биде одговорна за воени злосторства во Сирија

Од:

Турција би можела да биде одговорна за егзекуцијата на неколкумина курдски борци и еден политичар, а таквите дела би можеле да бидат окарактеризирани како воени злосторства, предупредија денеска Обединети нации.

Тие се убиени при операција на групата Ахрар ал Шаркија, блиска до Анкара.

– Ги повикуваме турските власти веднаш да покренат независна, транспарентна и непристрасна истрага и да ги приведат одговорните, кои би можеле да се идентификуваат од видео снимките, што сами ги објавија на социјалните мрежи, изјави портпаролот на ОН за човекови права Руперт Кловил.

Тој додаде дека снимката покажува како припадници на групата Ахрар ал Шаркија, блиска до Турција, на 12 октомври елиминира тројца курдски заробеници на автопатот помеѓу Хасака и Манбиџ. Истиот ден убиен е и курдскиот политичар Хеврин Калаф на истиот пат од страна на истата група.

– Групните егзекуции би можеле да се означат како воени злосторства. Турција како држава би можела да се смета за одговорна за повредите извршени од придружните групи, додека Турција над нив има ефективна контрола или над операциите во кои се случило прекршување на правото, посочи Колвил.

Би можело да ве интересира

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Во Бања Лука беше исвиркана химната на БиХ, играчите на Борац го игнорираа знамето

Предраг Петровиќ

Како гласаа државите за Резолуцијата за Сребреница-Унгарија против, Грција и Кипар воздржани

Предраг Петровиќ

Вучиќ во ОН: Оваа резолуција ќе ја отвори Пандорината кутија

Генералното собрание на ОН ја усвои Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Предраг Петровиќ