Независниот кандидат за градоначалник на Куманово Цветковски во посета на „Перо Чичо“

Од:

Независниот кандидат за градоначалник и кандидатите за советници од опцијата „Кога ако не сега“, на средба со жителите од кумановската населба „Перо Чичо“, ветија изградба на неколку клучни улици во оваа населба, поставување тротоари, како и доизградба на канализација.

– Иако, станува збор за една од најстарите приградски наслеби во Куманово, во одредени делови од населбата потребна е доизградба на неколку улици, поставување тротоари и решавање на проблемот со канализациската мрежа. Ние во нашата програма строго се придржуваме до правилото, асфалт, вода и канал во секој дел од градот, рече Цветковски.

На жителите од оваа населба, им вети изградба на локални патишта кои ќе ги поврзат двата дела од населбата, како и изградба на пешачки мостови во месноста „Багрем Бања“.Цветковски вети отворање пезнионерски клуб и младински центар, како и реновирање на училиштето „Христијан Тодоровски Карпош“.

Би можело да ве интересира

Брвеница избира градоначалник

Горан Наумовски

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“