УНИЦЕФ: Поради лоша исхрана 149 милиони деца заостануваат во развојот

Од:

Алармантно голем број деца страдаат од сериозни последици поради лоша или нездрава исхрана, а најмалку едно од три на возраст под пет години е неухрането или со прекумерна тежина, предупреди денеска УНИЦЕФ во својот годишен Извештај за состојбата на децата во светот.

Како што се наведува, две од три деца, на возраст меѓу шест месеци и две години, не конзумираат храна која го поддржува оптималниот раст и развој на нивниот мозок и тело, што може да предизвика слаб развој на мозокот, потешкотии при учењето, пад на имунитетот, зголемување на инфекциите и во многу случаи смрт.

Извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенријета Фор рече дека милиони деца се хранат нездраво бидејќи немаат подобар избор.

– Мораме да го промениме начинот на кој ја разбираме и реагираме на неухранетоста и квалитетот на исхрана кај децата. Не се работи само за тоа да јадат доволно, туку и за тоа дека треба да добијат квалитетна храна. Тоа е нашиот денешен предизвик, рече Фор.

УНИЦЕФ во извештајот предупредува на три фактори – неухранетост, латентна глад предизвикана од недостиг на основни хранливи состојки, како и прекумерна тежина. Трите фактори влијаат на тоа 149 милиони деца да заостанат во физичкиот развој, 50 милиони деца да бидат неухранети или преслаби за својата висина, 340 милиони деца да страдаат од недостиг на основни витамини и хранливи материи, а 40 милиони деца да имаат прекумерна тежина.

Исто така УНИЦЕФ предупредува и дека лошата исхрана и лошите прехранбени навики почнуваат од најраниот развој на детето.

Би можело да ве интересира

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел