САД протераа двајца венецуелски дипломати, како одговор на тоа што Каракас исфрли двајца американски воени аташеи од својата држава, по смртта на претседателот Уго Чавез.
Официјални лица наведоа дека на дипломатите Орладно Хосе Монтанес Оливарес и Виктор Камакар Мати им било кажано за викенд да се вратата во своите домови, а тие вчера ги напуштиле САД.
Агенцијата „Франс прес“ наведе дека официјални лица од Венецуела ги обвиниле САД дека се одговорни за болеста на Чавез и дека власта работи на создавање антиамериканско расположение пред претседателските избори во април.
Елена Георгиевска