Груевски ќе добие адвокат од државата да го брани за градбата на партиското седиште

Од:

Во кривичниот суд утрово беше одложено судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО. Причина за одлагање на денешното рочиште е откажувањето од полномоштвото за обвинетиот експремиер, Никола Груевски, кого го застапуваше адвокатот Донче Наков.

На претходното рочиште Наков рече дека во фаза на истрага добил полномоштво од Груевски да го застапува за овој предмет, но поради преносот на обвинението од СЈО во скопското обвинителство, случајот има друг број и е застапуван од скопски обвинител, а за тоа тој морал да се консултира со неговиот клиент.

Нејасно е зошто откажувањето на полномоштвото не се случило порано, за во меѓувреме за денешното рочиште да се обезбеди присуство на бранител за Груевски. Судењето за овој предмет една година не може да почне со главна расправа зашто повеќе од 7 месеци траеше само оценката на обвинението.

Во предметот за 27 април, кога адвокатот Тони Менкиноски го откажа среде судење полномоштвото на клиентот, судијката Добрила Кацарска даде кратка пауза, по што судењето продолжи со назначен адвокат по службена должност.

Следното рочиште за „Талир 2“ е закажано за 21 ноември, кога на Груевски ќе му биде определен адвокат по службена должност. Груевски веќе го застапуваат адвокати по службена должност во другите предмети како „Талир“, „Траекторија“…

Во „Талир 2“ обвинети се Никола Груевски, кој е во бегство и има азил во Унгарија и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски. Тие ја злоупотребиле службената положба и овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Пред судот веќе се води постапка за предметот „Талир 1“ за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Според обвиненителниот акт од СЈО, обвинетите во „Талир“ незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на разни луѓе.

Би можело да ве интересира

Скопска Апелација го врати „Талир 2“ на повторно судење пред првостепениот суд

Јавната седница во Апелција за предметот „Талир 2“ презакажана за 29 септември

ВМРО-ДПМНЕ ќе се жали на одлуката за Талир 2, ако треба ќе оди и до Стразбур

Катерина Ѓуровски

Лапе: Обвинителството најверојатно ќе поднесе жалба за условната казна на Божиновски

А1он

Николовска: Можело да се конфискува и личен имот на обвинетите, надвор од правна логика е да се конфискува целиот имот на партијата

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Пресуда за „Талир 2“: Груевски доби уште шест години затвор, Божиновски со условна казна, се бара конфискација на белиот дворец сосе килими и лустери

Ана Ололовска