Коцевски: „Задоволни граѓани – наша цел“ останува моја основна девиза

Од:

Во Велес денеска беше промовиран кандидатот за градоначалник на СДСМ Аце Коцевски и листата на советници за оваа општина.

Коцевски на промоцијата потсети дека додека тој беше градоначалник на Велес во два мандата до 2009 година  Општина Велес беше најуспешна општина во Македонија според европски пример.

– Велес за жал денеска поминува многу тежок период од неговиот развој, економската и социјална  состојба е многу лоша, а последиците секојдневно ги чувствуваат  голем број наши сограѓани. Затоа нашата одговорност  е уште погоплема не само да се оправда големата доверба, туку за да се направат многу конкретни работи за да се сменат работите на добро за да се подобрат условите  за живеење  и да се направи максималното од возможното, рече Коцевски.

Тој наведе некои од приоритетите во својата програма која најави целосно дека ќе ја промовира во среда. Во неговата програма за Велес 2013-2017 е планирано  изградба на нов затворен пазар, современа фабрика за третман на цврстиот комунален отпад, решавање на проблемот со атмосферските води, реконструкција на постоечката комунална инфраструктура, изградба на нови улици и патишта, канализациски мрежи, мостови, плоштади и паркови.

Коцевски најави реконструкција на детските градинки, нови термоизолациски фасади, кровни и топловодни системи во училиштата, подобрување на условите за живот  во населените места, помагање на најсиромашните граѓани.

– Приорите над приоритетите ќе биде создавање нови работни места  и забрзан економски развој, гасификација на Велес, проширување на постоечките и изградба на нова индустриска зона Караслари. Граѓаните на Велес можат да направат разлика како беше Велес во мое време каков е сега, истакна Коцевски.

Тој потенцира дека е потребно да има фер и демократски избори и да не се купуваат гласовите на најсиромашните граѓани, а тој е убеден во победа на изборите уште во првиот круг.

Би можело да ве интересира

Костова: Мицкоски ги потценува граѓаните, тој им даде амин на трговците да ги покачат цените

Горан Наумовски

СДСМ: „Новогодишна кошничка“ е голем владин дебакл

Петрушевски: СДС да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби, измислувањето приказни не им поминува

Кузеска: ДПМНЕ го пушти Груби да избега и целосната одговорност е кај нив

СДСМ: Животот во Македонија станува прескап, власта на Мицкоски потфрли во економијата

Џабе се прпелкате му порача СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ кој обвинува дека и Ахмети и СДСМ знаеле за криминалите на Груби