Санчез: Изречените казни мора да се извршат

Од:

Шпанскиот технички премиер Педро Санчез изјави денеска дека затворските казни изречени за каталонските сепаратисти мора да бидат извршени.

Тој во телевизиското обраќање до нацијата истакна дека „придржувањето до казните значи нејзино обврзно почитување“.

Санчез предупреди дека неговата привремена Влада го следи развојот на ситуацијата во Каталонија, за да реагира „цврсто и пропорционално“ на секое кршење на јавниот ред.

Шпанскиот Врховен суд денеска осуди девет поранешни каталонски политичари и активисти за човекови права на казни од девет до 13 години затвор поради нивната улога во неуспешното прогласување на независноста на Каталонија во 2017 година.

Тројца други обвинети се прогласени за виновни само за непослушност и не добија затворски казни.
Поранешниот претседател на каталонската Влада, Ориол Хонкурес е осуден на 13 години затвор заради бунт и злоупотреба на јавните фондови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина Романци, сите роднини, се степаа на улица во Шпанија

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Двојно убиство во Барселона: Маж ја убил својата поранешна, но и сегашната партнерка

Момче е убиено на фудбалски терен во Толедо

Гледањето на Реал Мадрид на стадион станува луксуз

Предраг Петровиќ

Србин баран со потерница од Интерпол е убиен во Шпанија