Заев: Очекуваме да добиеме позитивна одлука за преговори со ЕУ

Од:

Знаеме дека многу земји зборуваат позитивно за Република Северна Македонија. Го подобривме нашиот имиџ како држава која гради пријателства со своите соседи. Ние сме следната членка на НАТО, што е многу важно за нашиот регион кој е мултиетнички. НАТО значи поголема стабилност и подобра безбедност, истовремено значи и зголемен број инвестиции и за Северна Македонија и за регионот. Очекуваме најдоцна до крајот на неделава да добиеме позитивна одлука за преговори со ЕУ, конечно по 14,5 години чекајќи одлука за почеток на пристапните преговори, порача премиерот Зоран Заев во рамки на дводневната конференција на почесни конзули на Република Северна Македонија акредитирани во странство.

Во изминатите две години, потсети, најдовме решенија за сите билатерални прашања. – Ние сме пријатели со сите. Ние сме единствена земја во регионот која нема отворени билатерални прашања. И секако тоа дава идни можности за подобра соработка во регионот. Но, исто така ги охрабрува и другите земји, од другите региони во светот да ја продолжат добрата соработка со нашата земја, рече Заев.

Смета дека за секој инвеститор се многу важни сигурноста, стабилноста, безбедноста. Тоа, како што рече, е минимумот што тие го очекуваат доколку одлучат да отворат инвестициски процес тука и да остварат профит.

– Ние сме во процес за влез во НАТО. Секако, очекувањата се дека кон почетокот на следната 2020 година ќе бидеме член на НАТО и секако Европската Унија за нас значи поголема трансформација во правец да бидеме подобра демократска земја, со повеќе европски вредности, каде владеењето на правото ќе сјае, каде образовниот систем ќе ја подготвува идната генерација за да биде квалификувана за потребите на пазарот, подобра едукација, подобра култура…, рече Заев. Додаде дека нашите интереси како земја се да имаме повеќе работни места, подобар извоз на нашите производи…

На конференцијата се обрати и вицепремиерот за економски прашања и за координација на економските ресори Кочо Анѓушев кој порача дека почесните конзули преку својата економска дипломатија може да помогнат во привлекување кредибилни инвеститори во обновливи извори на енергија, фотоволтаици, гасоводна дистрибутивна мрежа, голем откупен центар на земјоделски производи, како и компании кои вработуваат високо технолошки кадри за задржување на младите и извезување на готови производи.

Би можело да ве интересира

Филипо: Пресудата против „Еуроклеар“ би можела да ја парализира ЕУ

Кампањата на А1 Македонија што ја преплави јавноста: „Одговорно со технологијата“ со силна порака за секој учесник во сообраќајот

Уапсете ги сите организатори и учесници ако сакате да покажете дека не сме тиња од држава

Предраг Петровиќ

ВРЕДИ: Новиот закон за игрите на среќа e за заштита на албанското семејство

Aпел за собирање парични средства за операција на Нина

Предраг Петровиќ

Тврдењето за непотребни операции на срцe ја губи основата: Eкспертите посочиле сомнителна дијагностичка евалуација