(ВИДЕО) Прентовиќ: Искористеноста на ИПАРД помошта достигнува 50 отсто

Од:

„Искористеноста на европската помош во земјоделството и руралниот развој е врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ а резултатот го потврдува тоа.

ИПАРД програмата во периодот на владеење на минатата власт бележеше рекордно низок процент на неискористеност од околу 20% односно само 12 милиони евра.

Само со еден јавен повикм сега, се исплаќаат близу 20 милиони евра, а во процес на потпишување се дополнителни 800 договори за финансиска поддршка со што искористеноста на програмата ќе достигне над 50% од вкупниот расположлив буџет“, рече Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисија за земјоделие и рурален развој на СДСМ.

„Земјоделците ги препознаваат придобивките што ги нудат ЕУ и европските фондови.

Со мерките од ИПАРД 2 програмата им овозможивме на земјоделците да ја обноват застарената механизација, и за првиот јавeн повик се склчија 665 договори за набавка на трактори во вредност од над 5,4 милиони евра.

Во овие две години е постигнат значаен напредок во искористеноста на мерките од ИПАРД 2 Програмата. На првиот повик од ИПАРД 2, (2014 – 2020) кој се објави во 2017 година се склучија 947 договори, со кои се побаруваат 22 милиони евра.

Исто така на 540 апликанти веќе им се исплатени над 7,3 милиони евра за инвестициите кои ги реализирале.

Од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој објавен е јавен повик за мерката 7 – Диверзификација на фарми и развој на мали бизнис од ИПАРД 2 програмата кој ќе биде отворен до 18-ти ноември.

Го поттикнуваме рамномерниот рурален развој преку директно обезбедување на средства за земјоделците, преработувачите, занаетчиите, трговците, угостителите и други физички и правни лица чии инвестиции се насочени во руралните средини.

СДСМ како одговорна и домаќинска партија продолжува со спроведување на мерки кои обезбедуваат подобар живот за сите, повеќе пари за секое семејство и развој на најважните гранки во општеството меѓу кои и земјоделството“, изјави Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисија за земјоделие и рурален развој на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он