Шефот на црногорската дипломатија во посета на Тирана

Од:

 Интензивирањето на соработката меѓу Албанија и Црна Гора во областа на енергетиката, биле главна тема на денешната средба во Тирана на шефот на албанската дипломатија Едмонд Панарити и на неговиот црногорски колега Игор Лукшиќ, кој се наоѓа во дводневна официјална посета на Тирана.

По средбата на заедничката прес-конференција, Панарити информираше за потпишувањето на Меморандум за соработка во областа на образованието како и спогодбата за размена на класифицирани информаци.

– Договорите се во прилог на материјализирање на добрата клима и желбата за унапредување на заедничката агенда и во други области, како што е туризмот, инфраструктурата и посебно енергетиката, област каде ќе реализираме многу значајни проекти, како што е 400 киловолтниот далновод Елбасан-Подгорица, изјави Панарити.

Тој информираше дека побарал подршка од Лукшиќ за проектот ТАП (трансјадранскиот гасовод) преку потпишување заеднички меморандум.

– Му преложив на мојот колега да потпишеме заеднички меморандум за разбирање не само со Црна Гора туку и со други земји од регионов за подршка на ТАП. Задоволен сум што добив негова подршка во тој правец, зашто така шансите на ТАП да биде победник се поголеми, нагласил Панарити.

Од своја страна Лукшиќ ги нагласи добрите црногорско-албански односи кои придонесуваат за стабилноста во регионот.

Според него, неопходно е двете земји да го авансираат европскиот интегративен процес, посебно кога стаува збор за земјите од западен Балкан. Лукшиќ потврди дека со радост го примил предлогот на Панарити за гасоводот ТАП, проект кој е многу значаен за Црна Гора со цел проширување на енергетските извори.

– Ние сме многу заинтересирани за проектот ТАП и за тоа имавме прилика да разговараме со претставници на Азербејџан, Турција и Хрватска. За жал во Црна Гора немаме гасовод и многу сме заинтересирани да реализираме еден ваков проект, изјави Лукшиќ.

Министерот Лукшиќ ќе има одвоени средби и со претседателот Бујар Нишани, со премиерот Сали Бериша, со претседателката на парламентот Јозефина Топали, со лидерот на опозициската социјалистичка партија Еди Рама, како и со потпретседателот на Владата и министер за економија, трговија и енергетика, Едмонд Хаџинасто.

Утре тој ќе се сретне и со лидерот на Движењето за социјалистичка интеграција Илир Мета, како и со претставниците на црногорското малцинство. Во рамките на посетата тој ќе учествува и на албанско-црногорскиот економски форум.

Би можело да ве интересира

Спречена голема тепачка помеѓу 60 малолетни ученици од Никшиќ

Горан Наумовски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Трета жртва од пукањето во Скадар