Министерството за надворешни работи на Северна Кореја „инсистира“ Јапонија да плати компензација за рибарскиот брод што потона во понеделникот, откако се судри со со јапонски патролен брод на почетокот од оваа недела, јавуваат државните медиуми на Северна Кореја.
– Судирот бил намерен, оценија официјални лица од Пјонгјанг, оценувајќи го тоа како „гангстерски чин“ од Јапонија.
– Токио треба да преземе чекори за да ги спречи идните инциденти, изјави портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи.
Јапонската крајбрежна стража соопшти дека во понеделникот спасила околу 60 членови севернокорејски екипаж од рибарски брод кој потонал, откако се судрил со патролен брод во јапонските води.