Најспектакуларните избори на папи

Од:

Папите согласно католичката традиција ги избираат конклавите на кардиналите, кои од 1878 година се одржуваат во Синкстинската капела.

Првата Папска конклава е оддржана во 1241 година и на неа, зад затворени врати во Рим, за нов папа е избран Целестин Четврти. Меѓутоа, дел од историчарите на Католичката црква не се согласуваат целосно со ова верзија за првата Конклава и тврдат дека всушност првиот собир на кардиналите за избор на папа се оддржал во 1216 година во градот Перуџа. Според ова тврдење, кардиналите всушност сами се заклучиле во една палата стравувајќи да не бидат нападнати од локалните жители. На оваа Конклава за папа бил избран Хонориј Трети.

Најдолгата Конклава траела две години, девет месеци и два дена и се оддржала во градот Витербо на околу 100 километри североисточно од Рим. Собирот започнал во кон крајот на 1268 година, но кардиналите никако не можеле да се усогласат околу изборот на нов понтиј, дури ни откако храната што ја добивале им била драстично намалена. Дури, откако градските власти на Витербо наредиле да се урне покривот на салата во која се одржувала Конклавата и откако кардиналите почнале да накиснуваат на есенските дождови, конечно во септември 1271 за папа го избрале Григориј Десетти.

Последниот подолг собир на кардиналите се оддржал во 1831 година и траел 50 дена. На оваа Конклава за папа бил избран Григориј Шеснаесети.

Најкусата конклава траела неколку часа и е одржана на 1 ноември 1503 година во Рим и на неа за нов папа бил избран Јулиј Втори. Историчарите на црквата посочуваат дека ваквиот брз избор на новиот папа се должел на претходно обезбедените гласови преку мито и поткупи.

Следната најкуса Папска конклава траела само 20 часа и е одржана во 1939 година, кога за нов поглавар на Католичката црква е избран Пиј Дванаести. Изборот на последниот папа Бенедик Шеснаесети е на третото место на оваа листа на најкуси конклави со траење од 26 часа.

За најдраматична Конклава се смета онаа од 1314 година, што се одржала во францускиот град Карпантра, кога кардиналите морале да избегаат од градот пред разбеснетата толпа која дури ја запалила надбискупската палата во која се оддржал собирот на кардиналите. Оваа Конклава продолжила дури во 1316 година во доминиканскиот манастир во Лион, кога по 40 дена на 7 август 1316 година за нов папа бил избран Јован Дваесет и втори.

МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска