Заев: Нобеловата награда за премиерот Аби Ахмед е инспирација за сите

Од:

Премиерот Зоран Заев му честиташе на премиерот на Етиопија, Аби Ахмед за добивањето на Нобеловата награда за мир.

„Нобеловата награда за премиерот Аби Ахмед е заслужено признание за неговиот придонес за ставање крај на 20 годишната војна меѓу Етиопија и Еритреја, и инспирација за сите.“, напиша Заев на „Фејсбук“.

„Сакам да се заблагодарам на добитничката на Нобелова награда за мир Уидед Бушамауи која заедно со ФОН Универзитет нѐ номинираа мене и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас за годинешната Нобелова награда за мир. Договорот од Преспа го создадовме како обврска кон нашите народи и како порив за трансформација на Балканот во извор на соработка и заедништво.

Останува мојата и заложбата на Владата на Северна Македонија, со поглед напред, а не назад, за градење долготраен мир, стабилност и просперитет за граѓаните на нашата земја и за граѓаните од регионот.“, заврши Заев.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Добитничката на Нобеловата награда за мир повика на странска воена интервенција во Венецуела

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Добитник на Нобеловата награда за мир за 2025 година е Марија Корина Мачадо

Горан Наумовски