Скандал од 1 милијарда фунти

Од:

Најголемиот светски производител на мобилна телефонија, групацијата „Водафон“ ќе спаси најмалку 1 милијарда фунти со законско неплаќање на данок открива „Ројтерс“.

Законските поднесоци направени од страна на „Водафон“ со прикажување на помала добивка во текот на изминатите години покажуваат дека буџетот на Велика Британија многу често поминал со празни раце, додека даночните власти во Германија, Шпанија и на други места наплатиле милијарди евра од компанијата.

Ова е направено според законот на Велика Британија, а постои можност компанијата и во иднина да биде ослободена.

„Водафон“ плаќа малку и покрај зголемениот приход, а на него не влијае ниту фактот што главниот менаџер на „Водафон“ Виторио Чолао во неколку наврати им сооопшти на своите инвеститори дека Британија е еден од најдобрите пазари во светот.

-Ова е уште еден даночен скандал, изјави Маргарет Хоџ, член на Европскиот парламент и претседател на парламентарната комисијата за јавен буџет.

„Тоа може да биде законски, но тоа сосема е неморално. Тие прават пари од Велика Британија и потребно е дел од парите да ги вратат назад во Велика Британија“.

„Водафон“ одби да одговори на повеќето прашања во врска со своите сметки, повикувајќи се на комерцијалната чувствителност. Одговорните соопштија дека се што е поврзано со даночните прашања е направено транспарентно. Сите акционери имаат одговорност и обврска при поднесувањето на даночните трошоци.

Нема сомневање дека компанијата се однесува незаконски и ја искористува стандардната деловна практика која дозволува правно и легално да се олесни државата.

 

 

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска