Откриена пратка со свинско месо од Шпанија со вирусот африканска свинска чума, денеска ќе биде уништена

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство во пратка по потекло од Шпанија утврди присуство на вирусот африканска свинска чума. Пратката е во вкупна тежина од 21 тон и 312 килограми. Не претставува опасност, бидејќи воопшто не е пуштена во промет, веднаш е земена мостра, испитана е и денеска со сите преземени биосигурносни мерки ќе биде уништена.

Ова денеска го изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, кој рече дека пратката по потекло од Шпанија, е внесена во регион во Бугарија, кој е слободен и оттаму преку граничниот премин Деве Баир е влезена во Република Северна Македонија и е откриена при спроведувањето превентивна мерка земање примероци од секоја пратка од животинско потекло поточно која потекнува од свинско месо од земјите во кои веќе е прогласена болеста африканска свинска чума и слободните региони кои ја имаат прогласено.

Атанасов посочи дека за пратката ќе ја известат Светската здравствена организација за заштита на животните, како и Европската унија.

– Продолжуваат превентивните мерки кои Агенцијата ги спроведува на терен. Апелираме до граѓаните да не внесуваат производи од животинско потекло во државата, особено од земјите каде е прогласена болеста африканска свинска чума. Продолжуваат мерките да се забрани чувањето на отворено на свињите во државата, како и мерката на депопулација во оние биоодгледувалишта кои немаат основни биосигурносни мерки. Продолжува отстрелот на дивата свиња, тој ќе се интензивира од утре, бидејќи и официјално секоја година традиционално на 11 октомври почнува отстрелот на диви свињи, додаде Атанасов.

Би можело да ве интересира

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он

АХВ: Три позитивни случаи на вирусот на западнонилска треска кај угинати гаврани

A1on

Над 100 пријави за угинати птици за четири дена: Два примерока позитивни на западнонилска треска

Горан Наумовски

Миланов за вратените 11,6 тони македонски пиперки од Бугарија: Известени сме, се чека одлуката дали ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла