Средба на министерот Џафери со амбасадорите на Турција и на Италија, Сокменсуер и Кристијани

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, денеска имаше одвоени средби со амбасадорите на Република Турција, Гурол Сокменсуер и на Република Италија, Фабио Кристијани.

Заедничка била констатацијата на министерот Џафери и амбасадорот Сокменсуер дека односите на Република Македонија и Република Турција, особено во областа на одбраната, рефлектираат исклучително меѓусебно почитување, пријателство и развиена соработка. На средбата министерот Џафери се заблагодарил и за континуираната поддршка на Република Турција во процесот на евроатлантско интегрирање на Република Македонија, а упати и честитки по повод 13. март, денот кога се одбележува 114-годишнината од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк на Воената гимназија во Битола.

Блиската меѓусебна соработка со Република Турција, соопшти денеска МО, се огледува во фактот дека првата Спогодба за соработка од 1994 година беше потпишана токму со Турција, од каде беше испратено и првото воено аташе во Република Македонија.

Продлабочување на меѓусебната соработка, како и поддршката за интегрирање на Република Македонија во евроатлантските структури, биле темите на кои разговарале министерот Џафери и амбасадорот на Република Италија, Фабио Кристијани.

Основа за билатералната соработка во областа на одбраната помеѓу двете земји, стои во соопштението од МО, претставува Спогодбата за билатерална воена соработка од 1997 година, односно Планот за билатерална соработка за 2013 година која вклучува јазична обука, школувања и слично.

Амбасадорите на Турција и на Италија, честитајќи му го изборот за министерот за одбрана, му посакаа на Џафери успех во понатамошното спроведување на напорите за развој и реформи во областа на одбраната и на безбедноста.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната