Дескоска: Не треба да има дилеми за препораките од Венецијанска комисија, но тоа ќе биде откако ќе има официјално мислење

Од:

Министерката за правда Рената Дескоска вели дека не треба да има дилеми за спроведување на препораките од Венецијанската комисија, но тоа ќе биде сторено откако Комисијата ќе го даде своето официјалното мислење.

-Мислам дека не треба да има никакви дилеми или дебати дали ќе се имплементираат или нема да се имплементираат препораките. Со самото тоа што сите сме се согласиле да испратиме цел закон плус неусвоениот член на Венецијанска комисија сме се согласиле дека препораките ќе ги земеме сериозно, ќе ги разгледаме и ќе ги имплементираме, рече Дескоска.

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека Владата побара одложување на конечното мислење на Венецијанската комисија во врска со Законот за употреба, за да имаат време да ги анализираат забелешките на Комисијата изнесени во драфт верзијата и да одговорат на нив. Во секој случај, рече, конечниот став и мислење на Комисијата може да се очекува до крајот на годината и Владата се обрзува дека ќе го примени.

– Владата тоа го побара заради времето потребно да ги изанализираме нивните аргументации и да ги дадеме нашите ставови и рековме ќе го чекаме конечното мислење. Ние информиравме дека драфт верзијата е доставена до нас, ни треба време да ги видиме анализите, затоа што Венецијанската комисија своите ставови ги поткрепува со аргументации, европски правила и норми и европска пракса, но исто така го анализира нашиот систем што може капацитетно да носи. Така што мерењето на добивањето на правда наспроти правото на употреба на јазикот, ако го загрози она првото тогаш прашање е дали им треба на граѓаните, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

Би можело да ве интересира

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС