САД, Јапонија и Јужна Кореја разговараа за Северна Кореја

Од:

Претставници на САД, Јапонија и Јужна Кореја се состанаа во Вашингтон за да разговараат за денуклеаризација на Северна Кореја, неколку дена по прекинот на разговорите меѓу Пјонгјанг и Вашингтон во Шведска, соопшти Стејт департментот.

Специјалниот претставник на САД за Северна Кореја Стивен Бајган имал билатерални средби најпрво со јужнокорејскиот мировен претставник Ли До-хун, а потоа и со јапонскиот претставник за азиски прашања Шигеки Такизаки. Потоа разговарале сите тројца заедно.

Тие ја истакнаа „важноста на тесната координација меѓу САД и Јужна Кореја, САД и Јапонија, како и трилатералната соработка за Северна Кореја за да се дојде до целосна денуклеаризација и траен мир на Корејскиот Полуостров“, соопшти Министерството за надворешни работи на САД.

Разговорите за севернокорејската нуклеарна програма што започнаа во Шведска во саботата беа прекинати, а Пјонгјанг ги обвини САД дека се одговорни за тоа.

Северна Кореја ги напушти преговорите, изразувајќи разочарување поради недостигот на „нови и креативни“ предлози од Вашингтон. САД предложија нова средба во текот на следниот месец.

Разговорите беа првиот обид за обновување на дијалогот на двете земји по неуспешниот самит на американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун во Ханој во февруари.

Пјонгјанг минатата недела ја тестираше балистичката ракета море-земја, откако претходните месеци истрела неколку ракети со краток дострел.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија