„Деца на сонцето“, нов филм на Митрикески

Од:

На 20-ти мај, почнува со снимање долгометражниот македонски игран филм „Децата на сонцето“ според сценарио на еден од најреспектибилните балкански писатели Гордан Михиќ, автор на култните писанија „Среќна нова 49“, „Дом за бесење“, „Црна мачка бел мачор“, „Заборавени“, „Туѓа Америка“ и уште многу други.

Филмот ќе го режира Антонио Митрикески. Ова е негов трет игран филм на кој му предходат „Преку езерото“ во 1997 година и „Како лош сон“ во 2003 година. Продуцент на филмот е Дејан Милошевски. Директор на фотографија е Јарек Шода од Полска, кој соработуваше со Митрикески на филмот „Како лош сон“.

Автор на музиката е Влатко Стефановски, кој во филмот ќе глуми и епизодна улога.

kirce

Главната машка улога му е доделена на младиот македонски актер Кире Ѓоревски, кој се има образувано во Бугарија, каде живее и работи како драмски актер, пантомимичар и балетан по современ танц. За женската главна улога, филмскиот тим е во преговори за млада актерка од Македонија или од странство.

Режисерот е во преговори со уште неколку големи домашни и странски актерски ѕвезди, кои засега ќе останат во тајност. Планирано е да се снима 36 дена. Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Хрватска, Словенија и Србија. Сепак, најголемиот дел од средства се обезбедени од Филмскиот Фонд на Република Македонија, а другите држави влегуваат во овој проект како малцински.

Љубовната филмска приказна ќе се снима на крајбрежјето на Преспанското езеро.

„Имам одлични соработници, кои несебично работат. Задоволство ми е да работам со млада екипа, на кои желбата и љубовта за креативна работа им е навистина силна. Случувањата во филмот се проткаени со еден лесен, ненаметлив хумор. Да, навистина има доста здрав хумор, верба и надеж за опстанок на едно семејство. Над се, “Деца на сонце” е љубовен филм“ вели режисерот.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ