Стотина луѓе се уапсени за време на протестот поради цената на горивото во главниот град на Еквадор, а претседателот Ленин Морено се повлече во пристанишниот град Гајакил.
Морено претходно истакна дека нема да се откаже од зголемување на цената на горивата и ги обвини своите политички противници за обид за пуч.
Претходно демонстрантите предводени од групи на домородното население ги блокираа патиштата.
Морено во телевизиското обраќање нагласи дека нема да толерира немири ниту ќе се откаже од укинување на субвенциите за гориво.
Тој го обвини својот претходник Рафаел Кореа и претседателот на Венецуела, Николас Мадуро дека стојат зад „планот за дестабилизација“ на Еквадор.
Министерството за енергетика на Еквадор соопшти дека се прекинати активностите на три нафтени полиња во регионот на Амазон поради напади од страна на неидентификувани групи, поради што е намалено производството на за 12 проценти.