(ВИДЕО) Заев: Јас 8 години сум со вас, а тие дојдоа по поплавите за да се прават фраери со џогери

Од:

Сојузот за иднината одржа митинг во Муртино, родното село на кандидатот за градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев. Центарот на селото беше преполно со луѓе кои дојдоа да го поздрават и да му ја дадат својата поддршка за третиот градоначалнички мандат.

„Зоки, Зоки“ го скандираа неговото име и ракоплескаа, ечеше во селото името на човекот, кој заедно со Советот на општината тука реализираа 46 проекти во вкупна вредност од два милиони евра.

Неодамнешната поплава која го опустоши Муртино беше главната тема во обраќањето на Заев, кој рече дека власта ако сакаше можеше да ја спречи, но тоа не го направи, а нејзините претставници предизборно го окупираа Муртино и се правеа фраери собирајќи евтини политички поени.

-Уште кога почна да се крева нивото на реките јас бев тука со вас и цело време со сите расположливи ресурси што ги имав на располагање. Бев со вас, како што бев овде осум години постојано, не само за избори туку и на собири на граѓани, и на погреби, крштевки и свадби, секогаш сум овде оти така ме растеа, така ме учеа, да бидам со луѓето и во арно и во лошо.

– За разлика од мене, кога се повлекоа водите, дојдоа еден куп екипи заради тоа што се избори, за да профитираат на маката на мојот народ, дојдоа да гледаат сеир и да го делат народот.

– И порано имало невреме, постои општинска комисија за проценка на штети, никогаш не доаѓале, само заради изборите сега беа овде и жално е да го делат сопствениот народ, викаат по штабови, пишуваат списоци. Зарем можете по штабови да го делите својот народ, тоа е грев пред господ и пред господ ќе одговараат за неправдата што ја направија. Дадоа пари за куќи кои не беа поплавени, а има поплавени куќи за кои денар не дадоа.

– Општината не е надлежна за реките и полските канали, надлежна е власта, за некој да шири лажни информации дека Заев можел да прави потпорни ѕидови на реките, тоа е повеќе од дрскост.

– Нашите пратеници се молеа да се откажат од барем една скулптура за да ги исчистат реките и каналите, но не прифатија, меѓу нив беше и нивниот кандидат за градоначалник, кој по полавите дојде тука предизборно и се фати за џогер во црквата, рече Заев.


На митингот во Муртино зборуваа и довербата од граѓаните ја побараа и Марјан Даскаловски кандидат за претседател на Советот и Гале Василев и Ацо Ѓорѓиев и двајцата од Муртино, кандидати за членови на Советот на општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ