Предавање на тема „Архетипите во јапонскиот филм“ денеска на Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк. ќе одржи проф. др. Андријана Цветковиќ, визитинг професор на Универзитетот во Кјото, Јапонија.
Предавањето е вовед во серијата предавања за јапонскиот филм кои проф. Цветковиќ ќе ги одржи во тековниот семестар како визитинг професор на Универзитет ЕСРА.
Андријана Цветковиќ е филмски научник и режисер. Магистрирала на Филмската академија во Софија во 2005, во класата на познатиот бугарски режисер Људмил Стајков. Истата година заминува на специјализација во Јапонија, а во 2009-та докторира на најреномираниот јапонски Универзитет за филм Нихон во Токио. Од 2009 до 2011 е научен соработник во Центарот за научни истражувања при тој универзитет, а од 2011 е научен соработник во Интернационалиот центар за јапонски студии во Кјото.
Цветковиќ има објавено трудови во повеќе интернационални научни списанија, a учествувала и на многу конференции и семинари во светот. Како режисер и сценарист ги има остварено филмските дела „Пурпур и злато“ (Шочику, 2012 Прва награда на фестивалот ИАФОР Филм Азија 2012), Времето на бранот (2009, Award of Excellence Association of Film Producers of Japan Eibunren 2009; Best long narrative Fort Lauderdale International Film Festival 2010).