ОН: Не смее да се случи хуманитарна криза во северна Сирија

Од:

Цивилите мора да бидат поштедени во текот на евентуална турска воена операција во североисточниот дел на Сирија за да не дојде до масовен егзодус или страдање на населението, изјави денеска регионалниот координатор на Обединети нации за хуманитарната криза во Сирија, Панос Моумцис.

– Се надеваме на најдобро, но се подготвуваме за најлошото, посочи Моумцис.

САД денеска почнаа да ги повлекуваат своите трупи од североисточниот дел на Сирија, со што се отвора патот за турски напад врз курдските сили, кои долг период беа во сојуз со Вашингтон во борба против Исламска држава.

Турција се залага за воспоставување на безбедносна зона долж границата со Сирија, со цел да ги потисни курдските борци кои ги сметаат за закана за својата национална безбедност.

– За нас како ОН, концептот за безбедносна зона е таков со кого имаме горки искуства и всушност никогаш не го промовираме и не го охрабруваме, имајќи ја на памет Сребреница и тоа што се случуваше во минатото. Сепак, разбираме дека ќе постојат некои видови на зони што ќе бидат посебно обележани за воена операција или како подрачје во кое ќе мора да има одредено чистење, посочи Моумцис.

Тој додаде дека претставници на ОН се во контакт со сите страни за да им објаснат каде се наоѓаат клиниките, училиштата, водоводот, пазарите и станбените простории.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски