Полицијата приведе 27 мигранти и двајца криумчари

Од:

СВР Струмица на двајца жители на Богданци им поднесе кривична пријава поради сомневање дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“. Тие вчера превезувале 27 мигранти од кои 11 од Авганистан и 16 од Пакистан, а двајца од нив биле малолетници, соопштија денес од струмичката полиција.

Имено, вчера око 11 часот по претходни оперативни сознанија било забележано товарно моторно возило „цитроен“ натоварено со мигранти, кое го управувале Д.М. (22) од Богданци и И.С. (39) од село Селемли, општина Богданци и истото се движело кон Струмица. Возилото било следено и биле алармирани и останатите полициски служби кои биле активни на подрачјето на Струмица.

-Возилото продолжило да се движи по улиците во Струмица, а откако пријавените виделе дека се следени и на даден знак од полициски службеници не застанале, се упатиле по земјен пат кој води кон ниви и викендици. Кога дошле пред една од викендиците на патот имало паркирано автомобил марка „мерцедес“. Сакајќи да поминат помеѓу оградата и запрениот автомобил не успеале и со камионот удриле во запрениот автомобил, притоа соборувајќи ја и металната порта по што возилото било оневозможено да се движи. Бидејќи не можеле да продолжат понатаму, преку совозачкото седиште двајцата пријавени побегнале. Од страна на полициски службеник кој почнал да ги брка бил фатен второпријавениот И.С. и истиот веднаш бил лишен од слобода, стои во соопштението на СВР Струмица

Нешто подоцна од страна на полициски службеници во непосредна близина на местото каде што е пронајден камионот бил пронајден и првопријавениот.

Двете пријавени лица се лишени од слобода и задржани во просториите на Полициската станица во Струмица, а по извршениот разговор се предени во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Седум големи магацини во САД ќе се таканаречени центри за подготовка за депортација на 80.000 мигранти

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана на говор како во Третиот Рајх

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ