Јапонската крајбрежна стража спаси повеќе од 10 членови на екипаж на севернокорејски рибарски брод,што се судри денеска со јапонски патролен брод.
Крајбрежната стража претходно објави дека 20-члениот севернокорејски рибарски брод впловил во територијални води и ексклузивната економска зона на Јапонија.
Севернокорејскиот брод почнал да тоне по инцидентот, додека патролниот брод е без оштетувања.
Во операцијата за спасување се приклучиле и други рибарски бродови.
Несреќата се случила додека патролниот брод ги предупредувал рибарите од Северна Кореја дека навлегле во ексклузивната економска зона во Јапонија.