Добитникот на Нобеловата награда за мир и поранешниот претседател на Јужноафриканската република, Нелсон Мендела (94) е пуштен од болница, по рутинските испитувања.
Лекарите го извршија испитувањето. Тој се чувствува добро и останува под контрола на лекарски тим – стои во соопштение на владата.
Портпаролот на претседателот Јакоба Зуме изјави дека лекарите ја пратат состојбата на Мендела, откако во декември во болница помина 18 дена, кога беше лечен од инфекција на белите дробови, а потоа и опериран.