Турската серија која е една од најгледаните на Балканот „Сулејман Величествениот“ ќе добие и американска верзија.
По неверојатниот успех што го оствари оваа серија и која освои над 60 земји во Европа и Блискиот исток, ги заинтересриа и Американците.
Името на серијата ќе биде „Харем“, а планот е до крајот на годината да се снимат шест епизоди. Серијата ќе биде снимена во заедничка продукција на компанијата Би-би-си и „Старс“. За сценариото ќе биде задолжена Ен Пикок, позната по сценариото за првиот дел на филмскиот серијал „Хроника на Нарнија“.
Дејството на ова мини-серија ќе се одвива на дворецот на султанот Сулејман Велчичествениот, а приказната ќе се врти околу робинката од Украина Рокселана, што е историското име за Хурем. Со мажењето на Хурем за султанот Сулејман почнува во историјата познатото доба на „владеењето на жените“.