(Видео) Живковиќ: Ниту едно дете до 3 години веќе не живее во институција

Од:

Повеќе ниту едно дете до три годишна возраст не живее во институциите во Република Северна Македонија, изјави Милан Живковиќ, претседател на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Тој нагласи дека со отворањето на петте мали групни домови во Битола, Министерството за труд и социјална политика со своите партнери го започнало процесот на целосна трансформација на „Мајчин дом“ и сите 27 деца се веќе преселени во објекти коишто наликуваат на, како што велат, топол семеен дом.

„Домот во Битола не се затвора, се трансформира во давател на нови, современи социјални услуги. На почетокот од 2020 година ќе започне да функционира регионалниот Центар за поддршка на згрижувачките семејства, како и други услуги предвидени со Законот за социјална заштита. Со последите 5 мали групни домови во Битола во нашата држава се отворени вкупно 17 мали групни домови. Со ова процесот на вадење на сите деца од институциите завршува една година порано од предвидениот рок. Во 2017 година кога започна процесот имаше 180 деца во институции, сега има останато само уште 11 деца кои се постари од три години, а Министерството за труд и социјална полтика работа e посветена на тоа и тие до крајот на годината исто така да бидат згрижени во топол дом“, рече Живковиќ.

Исто така додаде дека работата во групните домови ќе им овозможи на социјалните работници да имаат индивидуален пристап кон секое дете, согласно неговите желби и потреби.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати