Утре ќе бидат доделени наградите за најдобар филм на конкурсот по повод раѓањето на кинематографијата – Денот на првата филмска проекција на браќата Луј и Огист Лимиер.
На конкурсот што го организира гимназијата „Алгоритам“ во соработка со продукциската куќа „Наше маало“, пристигнаа 120 кратки филмови. Наградени ќе бидат трите најдобри, а ќе се доделат и две признанија од публиката.
Право на учество имаа сите ученици од основните училишта во Македонија со филмови од од кој било жанр, на слободна тема, снимени со видео камера, мобилен телефон или фото апарат.