(ВИДЕО) Белгиски фудбалери осомничени дека силувале дрогирана девојка

Од:

Фудбалски секс-скандал ја потресе Белгија, а во неговото средиште се наоѓа нисколигашот Еспоир Минероис. Наводно, играчите на споменатиот тим најпрво дрогирале, а потоа силувале една девојка.

Ужасните фотографии од бифето на клубот неодамна беа јавно објавени и ја шокираа тамошната јавност.

Поточно, на снимката се гледа девојка како ползи по подот во клупското бифе и дава орален секс на еден од играчите играч. После тоа оди на маса за масажа и има односи со друг човек.

Според пишувањата на тамошните медиуми, снимката, наводно, била направена од еден од фудбалерите по тренинг на клубот, а мајката на девојката се огласила во врска со настанот.

„Постојат докази дека мојата ќерка во тие моменти била непресметлива. Сакам да го решам сето ова на суд, бидејќи играчите не кажуваат сè“, вели мајката на девојката, додавајќи дека нејзината ќерка е силувана.

Еден од играчите признал дека целата работа отишла предалеку, но ги негирал тврдењата дека имало силување и тврди дека девојката се согласила на сè. Сепак, белгиските власти започнале истрага против фудбалерите.

Би можело да ве интересира

Кривичен: Осудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување

Татко ја силувал малолетната ќерка во Скопје

А1он

23-годишен битолчанец нападнал и се обидел да силува две девојки

Силувал 20-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница

А1он

18-годишно момче од Скопје силувало 20-годишна девојка

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски