Најмоќниот елескоп направен од Atacama Large Millimeter/Sub Millimeter Array (ALMA), ќе поче да работи на 13 март.
Тој е сместен во пустината во северно Чиле, а се очекува дека ќе претстави досега невидени сцени од вселената.
Според научниците кои работат на проектот, една држава не би можела самата да изгради ваков телескоп, па проектот е соработка на Чиле со најголемите светски опсерватории.
Овој телескоп е составен од 66 гигантски антени, а се наоѓа на половина час возење од градот Сан Педро де Атакаме, на висина од пет илјади метри. Благодарение на пустината и височината, таму има многу малку водени испарувања во воздухот, што претставува одлични услови за овој телескоп. Водата во воздухот смета на светлината на ѕвездите во електро-магнетниот спектар, што научниците сакаат да го истражуваат.