На авто салонот во Женева, Peugeot го претстави новиот градски кросовер 2008.
Новиот Peugeot 2008 е развиен заеднички од инженери и дизајнери од Европа, Кина и Латинска Америка, за да ги обедини традициите на марката во создавањето на легендарни градски модели и искуствата во областа на кросовер, докажан со успехот на 3008.
Новиот 2008 е компактен кросовер со должина 4,16 метри, се одликува со елегантен стил, насочен кон младите жители на мегаполисите како Сао Паоло, Шангај, Париз, Куала Лумпур или Москва, кои го сакаат градот, но и авантурите надвор од него, комбинирајки задоволството од управувањето со еколошки одговорно однесување.