Во Турција запленети над 1,8 тони марихуана во комбиња со албански ознаки

Од:

Околу 1,8 тони генетски модифицирана марихуана е откриена од страна на турската полиција во две комбиња со албански сообраќајни ознаки, јави тиранската телевизија Ора њуз.

Според турските медиуми, во оваа „супер акција“ биле приведени вкупно девет лица, од кои двајца се странци, но не даваат информации од која земја се.

Генетски модифицираната марихуана била пронајдена спакувана во вреќи, скриени меѓу текстилни материјали во комбињата кои доаѓале од Албанија.

Истрагата на турската полиција за сузбивање на оваа криминална група за трговија со дрога од Албанија во Турција започнала пред шест месеци.

Комбињата биле следени и запрени од турската полиција на автопат и при контрола е пронајдена дрогата.

Дел од албанските медиуми наведуваат дека двајцата уапсени странци се возачи на комбињата и оти се албански државјани.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Скопската полиција заплени 6,2 килограми марихуана и 442 таблети екстази

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Четири килограми марихуана пронајдени во гаража во Скопје

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар