А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Земјоделците да ја искористат владината поддршка за осигурување на посевите

by А1он10/03/2013 - 13:21135
Share0

Земјоделците да ја искористат државната поддршка за осигурување на посевите, апелира Владата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Сумата за оваа намена, како што соопшти денеска на прес-конференција портпаролот Александар Ѓорѓиев, е двојно зголемена, од 17 милиони денари лани на 35 милиони годинава.

– Целта е парите да отидат во вистински раце. Ако е неопходно, проектираната сума ќе ја зголемиме, истакна Ѓорѓиев.

Со поддршката Владата овозможува покривање 60 проценти од вкупните средства за осигурителните полиси. Земјоделците веќе од идниот месец ќе може да поднесуваат барања до Платежната агенција за добивање на дефинираната помош. Рокот ќе трае најмалку до крајот на август.

Постапката за аплицирање е многу едноставно, се сведува на само три чекори.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Земјоделецот поднесува барање до Подрачната единица на ресорното Министерство врз основа на што добива потврда за пријавени производни капацитети. Ја доставува потврдата до осигурителната компанија што ја бира по сопствена желба и со неа склучува полиса. Земјоделецот се задолжува со 40 отсто од вредноста на полисата, а за останатите 60 проценти се задолжува Агенцијата, објасни владиниот портпарол.

За добивање на средствата нема посебни услови, важат истите оние како и за субвенциите.

vlada

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

Горан Наумовски21/06/2026 - 10:43

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Горан Наумовски20/06/2026 - 12:14

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Горан Наумовски20/06/2026 - 09:23

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски17/06/2026 - 09:2717/06/2026 - 10:00

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски15/06/2026 - 15:0015/06/2026 - 15:01

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

Горан Наумовски11/06/2026 - 10:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто