Прилепчани: Општините се на граѓаните а не партиски испостави

Од:

Дали смее на општински сајт да се појавуваат партиски обележја. Прилепчани реагираат бидејќи на сајтот општина Прилеп е објавена информација за одржаното Годишно собрание на Здружението „Прилепски Мечкари“.

„Во знак на благодарност за досегашната соработка и поддршка беше доделена плакета од страна на градоначалникот на Општина Прилеп. Благодарници за придонес беа доделени на сите истакнати членови на ова прилепско здружение“, стои во информацијата.

Прилепчани укажуваат дека здружението е непартиска и невладина организација и на средбата не требало да се промовира програма на актуелен и кандидат за нов градоначалнички мандат. Велат сликата има партиско обележје.

„Општините се на граѓаните а не партиски испостави“, велат прилепчани.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај