Седум странски државјани који на 7-ми февруари беа киднапирани во Нигерија, ги убиле радикалните исламистички групи „Ансат“.
Оваа исламистичка група, поточно подмладокот на Боко Харам објавија дека ги ликвидирале сите седум лица.
Пред речиси еден месец, беа киднапирани работници од градежната фирма „Сетрако“ во Нигерија, а вчера беа објавени видео снимки на кои може да се видат мртвите лица.
Исламистите во пораката зборувале на арапски јазик, а соопштението било напишано и на англиски.
Причината за ликвидација на заложниците бил обидот на нигериската и британската влада да ги спаси киднапираните.