Јањиќ: Албанци без поддршка од САД и ЕУ

Од:

Иницијативата на Албанците од југот на Србија не треба да ги загрози преговорите помеѓу Белград и Пришина, кои продолжуваат во понеделник, изјави Душан Јањиќ.

Тој истакна дека Албанците претходно излегле со барање да добијат ист статус како Србите на Косово, но затоа, ниту тогаш, ниту сега немаат поддршка од меѓунардоната заедница.

Тоа нема да ја поправи, ниту пак загрози приштинската, ни белградската преговарачка позиција, само што сега ситуацијата по прешевските и бујановските Албанци е нешто полоша, пред 28-ми ноември. Едноставно нема да добијат директна поддршка од Вашингтон и Брисел, со оглед на тоа што зедоа јасен став против што било, што наликува на обединување на сите Албанци во регионот – објасни тој.

Претседателот на координативното тело на југот на Србија, Зоран Станковиќ по повод иницијативата на Албанците од Прешево, Бујановец и Медвеѓе изјави дека мора да престане повлекувањето на паралелата со северот на Косово.

-Во таа смисла Албанците се рамноправни граѓани на оваа земја, еднаш мора да престане со повлекување на паралелата, бидејќи очигледно кога и да се отвори прашањето за северот на Косово, од југот на Србија се слушаат нови барање од албанските лидер – истакна Станковиќ.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина