Путин: Нема докази за вмешаност на Иран во нападот врз саудиските нафтени постројки

Од:

Нема докази за вмешаност на Иран во нападите врз саудиските нафтени постројки, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

– Ние сме против да биде обвинет Иран затоа што нема докази за вмешаност на таа држава. Разговарав за тоа вчера лично со иранскиот претседател Хасан Рохани, рече Путин на енергетскиот самит во Москва.

Тој изјави дека Рохани лично му кажал дека Техеран нема никаква врска со нападите.

Путин истакна дека САД не доставиле никакви докази за наводната улога на Иран во нападот врз саудиските нафтени објекти минатиот месец.

Одговорност за нападите со беспилотни летала врз нафтените постројки во Саудиска Арабија презедоа Хутите од Јемен.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски