Националниот изборен совет вчера одлучи претседателските избори во земјата да се одржат на 14 април.
Вршителот на должност претседател на Венецуела Николас Мадуро е фаворит на претстојните избори како кандидат на владејачката Обединетета социјалистичка партија.
Центристичката опозициска Коалиција за деморкатско единство го предложи Енрике Каприлес за кандидат за претседателските избори.
Каприлес, кој е гувернер на сојузната држаба Миранда, загуби на претходните избори во октомври од починатиот лидер Уго Чавес.
Чавес подоцна го именува Мадуро за свој наследник, пред да биде подложен на операцијата поради рак во Куба во декември.