Од 16. до 23. октомври Vrabotuvanje.com, во соработка со своите партнерски портали MojPosao, Infostud и Posao.ba, организира онлајн саем за вработување и едукација “Виртуелни денови за вработување“ на кој ќе имате можност да се запознаете со можностите кои ги нудат компаниите, да стапите во директен контакт со нив и да пронајдете работа во Македонија, Хрватска, Србија или Босна и Херцеговина.
Виртуелните саеми за вработување се поефикасна, поекономична и пофункционална алтернатива на традиционалните саеми кои поради брзиот развој на новите технологии и сè поголемата достапност на интернетот полека но сигурно излегуваат од мода.
Тие им овозможуваат на компаниите и лицата кои бараат работа да се сретнат и да разговараат за можностите за вработување на специјализирана веб страна со само неколку кликови од лаптоп, таблет или смартфон.
Виртуелни денови за вработување, како најголем регионален виртуелен саем ќе трае осум дена (од 16. до 23. октомври) и истовремено ќе се одржува во сите четири земји. За тие осум дена, саемот ќе биде отворен 24 часа и до истиот ќе може да се пристапи преку веб страната www.denovizavrabotuvanje.mk.
Најголем employer branding настан во регионот
За локалните и регионалните компании кои не можат да пронајдат квалитетен кадар или сметаат дека не се доволно видливи на домашниот пазар, виртуелниот саем е одлична можност за претставување во вистинско светло пред идните (потенцијални) вработени.
Саемот ви овозможува на едно место да објавите огласи за вработување кои ќе бидат видени од работодавачи во земјата и регионот, да остварите директна комуникација со заинтересираните кандидати и да ја промовирате вашата компанија пред 300.000 работобаратели во регионот.
Можност за вработување во најатрактивните компании
За време на осумте денови кога ќе се одржува саемот, како работобарател ќе имате можност да се запознаете со истакнати компании од Македонија и регионот кои се во потрага по нови вработени.
Со помош на едноставна најава преку вашиот Google или Facebook профил, ќе имате можност да посетувате штандови на компании, да аплицирате на огласи за работа, да поразговарате со претставник од компанијата и да дознаете за условите, придобивките и бенефициите кои ги нуди компанијата – и сето тоа преку вашиот компјутер, таблет или телефон од удобноста на вашиот дом.
На саемот ќе се одржи и еден одделен настан Лов на богатство каде што сите учесници ќе имаат можност да освојат вредни награди.
ПР Текст