СДСМ: Фијаско на ВМРО-ДПМНЕ на предвидената трибина во Кратово, Мицкоски избега од граѓаните

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не нудат ништо ново, заглавени во матрицата на груевизмот сакаат да се вратат криминалниот режим, заканите, уцените, изолациите.

Граѓаните не сакаат обнова на криминалниот режим и нема да го дозволат тоа.

Доказ за тоа е слабата посетеност на предвидената трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово на која освен партискиот врв на опозицијата во Кратово не се појавија граѓани“, соопштуваат од СДСМ.

„Згора на се’ Христијан Мицкоски немаше храброст да се соочи со сопствениот пораз и не се појави на трибината на која требаше да учествува.

Политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се поразени од граѓаните кои не сакаат да се повторат темните 11 години за време на режимот кога граѓаните осиромашуваа, а врхушката на ВМРО-ДПМНЕ вртоглаво се богатеше.

Граѓаните, државата тргнаа по патот на интеграциите во ЕУ и НАТО и напредокот, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат осамени во анти-европскиот блок и против прогресот на државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски