Повеќе од 20 шефови на држави беа вчера во Каракас, престолнината на Венецуела, за да се простат од починатиот претседател Уго Чавез, а повеќе од милиони граѓани поминаа покрај неговиот ковчег.
Иако веќе се одржа официјалната погребна церемонија, телото на Чавез ќе биде изложено уште седум дена, а потоа ќе биде балсамирано, за да може, според зборовите на неговиот планиран наследник, Николас Мадуро, „народот на Венецуела вечно да го гледа“.