Не се договорија за бојата на дресовите, па го одложија мечот

Од:

Натпреварот помеѓу велшките премиерлигашки клубови Кардиф мет јуниверсити и Друидс, не се одигра, бидејќи тимовите не можеа да се договорат во какви дресови ќе настапат.

Гостите на стадион дојдоа со нивните резервни црвени дресови (дома играат со црно-бели), и не го земаа во предвид фактот дека и домашните имаат дресови со темна нијанса на црвената боја. Така, наместо да се игра официјален меч, фудбалерите на Кардиф си додаваа со собирачите на топки, а потоа си заминаа дома.

Овој одложен меч ќе се игра на 23 ноември, а двата клуба изразија жалење што дошло до едно вакво недоразбирање.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Велс падна пред храбрите Иранци

Белами го напушти Кардиф по обвинувањата дека малтретирал млад фудбалер

Наум Локоски

Бејл по петти пат избран за најдобар фудбалер на Велс

Ана Ололовска