Во Атлантскиот океан потона бродот „Бурбон род“, при што три лица се спасени, а по 11 се трага, пренесе хрватски „Индекс“.
Бродот се движел кон Гвајана, на околу 1.200 наутички милји од Мартиник и 60 наутички милји од ураганот од четврта категорија „Лоренцо“, кога се нашол во временски неприлики.
На него биле 14 членови на екипажот, а капетанот на бродот бил од Шибеник, пренесе „Индекс“.
Here’s a photo of the life raft that contained 3 survivors that have been rescued as a result of the vessel Bourbon Rhode getting too close to #HurricaneLorenzo.
Photo 3: Last known position of Bourbon Rhode. pic.twitter.com/iqoYwoTcxN
— Met. Eclipse (@TARCweather) September 28, 2019
Пријавено е дека три лица биле пронајдени во чамец за спасување, додека по останатите се трага.
Според „Вечерњи лист“, капетанот на бродот е Дино Мишкиќ од Шибеник.
Весникот додава дека од Министерството за надворешни работи на Хрватска им потврдиле дека освен капетанот, на бродот немало други Хрвати.
Претставник на украинското Министерство за надворешни работи на „Твитер“ потврди дека двајца од тројцата спасени морнари биле Украинци.
Потрагата продолжува, а како што јави компанијата „Бурбон“, во чија сопственост е бродот, временските услови се подобруваат.