Споменик по повод одбележувањето на масакрот на 77 лица во 2011 година во Норвешка и одговорот на норвешкиот народ беше откриен денес во катедралата во Осло.
Споменикот наречен „Железни рози“ е составен од илјадници метални рози собрани од скоро целиот свет. Некои беа направени од преживеани од нападот или семејства на жртвите. Металните рози ја симболизираат солидарноста што ја покажаа Норвежаните по нападот. Многумина учествуваа во т.н. маршеви на рози во Осло и други градови по нападот на 22 јули 2011 година.
Десничарскиот екстремист Андерс Беринг Брејвик беше осуден на 21 година затвор во август 2012 година за подметнување бомба во Осло и за пукање во младинскиот камп на Лабуристите во близина на главниот град.
Градоначалникот на Осло, Рејмонд Јохансен од Лабуристичката партија, водачот на групата за поддршка, Лисбет Ројланд, и крунскиот принц Хаакон и принцезата Мет-Марит, како и уметниците Тоба Малм и Тон Морк Карлсруд присуствуваа на церемонијата во саботата.
Малм и Карлсрауд го смислиле проектот, откако биле потресени од морето од рози оставени пред катедралата во Осло и на други локации.