Нигериската полиција спаси повеќе од 300 луѓе, повеќето од нив деца, кои биле врзани со синџири и заробени во зграда во градот Кадуна на северот на земјата, соопшти портпаролот на полицијата Јакубу Сабо.
Тој рече дека во зградата се наоѓа исламско училиште и дека седум лица се уапсени во врска со инцидентот.
– За децата, постари од пет години, грижата ја презедоа државните власти. Две од децата се од Буркина Фасо, а остатнатите ги довеле родителите од сите делови на Нигерија, пред се од северните провинции, објасни портпаролот . Меѓу уапсените се наставници од исламски училишта.