Седумнаесет мигранти од Бангладеш пронајдени во три возила

Од:

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од СВР Струмица и Регионалниот центар за гранични работи Исток, на регионалниот пат Валандово – Струмица во три возила пронашле 17 мигранти од Бангладеш.

– Полициски службеници од СВР Струмица и Регионалниот центар за гранични работи Исток, на регионалниот пат Валандово – Струмица на влезот во Струмица, кај месноста „Куклишка раскрсница“, запреле патничко возило „сеат алтеа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 29 годишно лице од село Никуштак, патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 21 годишен скопјанец и патничко возило „ауди А6“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 25 годишен скопјанец, соопшти МВР.

При преглед, се вели во соопштението, во возилата биле пронајдени 17 лица мигранти од Бангладеш, додека возачите и мигрантите се приведени во СВР Струмица за понатамошна постапка.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он