Катедрата за италијански јазик и книжевност ќе одбележи 60 години постоење

Од:

Домашни и странски истражувачи од областа на италијанистикатаќе учествуваат на меѓународен собир по повод 60 години од постоењето на Катедрата за италијански јазик и книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.

Дводневниот собир е насловен „Италијанистиката во третиот милениум – новите предизвици во јазичните, книжевните и културните истражувања – 60 години изучување италијански јазик на УКИМ“ и ќе се одржува на Филошкиот Факултет „Блаже Конески“. Ќе биде отворен со тркалезна маса во Ректоратот ан УКИМ со обраќања на италијанскиот амбасадор Карло Ромео, министерот за образование и наука Арбер Адеми, ректорот на Скопскиот универзитет Никола Јанкуловски и раководителка на Катедрата за италијански јазик и книжевност Александра Саржоска.

Учество на собирот потврдиле повеќе од 80 италијанисти од земјава, Италија, Бразил, Франција, Летонија, Црна Гора, Шпанија, Полска, Србија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија, Словенија, Романија, Грција и Албанија.

Планирано е во двата дена од собирот да се одржат голем број предавања од областа на италијанискиот јазик, култура и литература, а во чест на 60-те години изучување на италијанскиот јазик на УКИМ, Амбасадата на Италија утревечер во Филхармонијата ќе организира свечен концерт на кој ќе настапи тенорот Благој Нацоски.

Би можело да ве интересира

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Горан Наумовски

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево

А1он

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година